Достапни линкови

Димитров и Коѕијас очекуваат од Нимиц иницијална рамка за името


Министерот за надворешни работи Никола Димитров на средба со неговиот грчки колега Никос Коѕиас во Њујорк

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на денешната средба во Солун, како што информираат од МНР, имале добар разговор со фокус на унапредувањето на билатералните односи и соработката во поширок контекст, поврзан со тековните Мерки за градење доверба.

Тие изразиле заедничко очекување дека на претстојниот состанок на 17 јануари преговарачот на ОН во спорот за името, Метју Нимиц, ќе стави на маса иницијална рамка со која суштински ќе се оствари напредок во надминувањето на разликата околу прашањето.

Министрите разговарале за методологијата, пристапот на двете страни, како и за рамката на процесот за надминување на разликата околу името, и се сложиле, како што наведуваат од МНР, да имаат подиректна улога во разговорите со цел надминување на разликата околу името.

XS
SM
MD
LG