Достапни линкови

Над 48 исчезнати и 17 мртви по лизгањето на земјиште во Калифорнија


Спасувачи извлекуваат жена затрупана под урнатините на нејзината куќа во Монтекито

Најмалку 48 луѓе се водат за исчезнати по големиот број појави на лизгање на земјиштето кои го погодија американскиот крајбрежен град Монтекито, кој се наоѓа северозападно од Лос Анџелес.

Портпаролката на округот Санта Барбара, Амбер Андерсон, денес потврди дека бројот на жртвите останал на 17, но додаде дека властите ги проверувале извештаите за многу поголем број исчезнати лица отколку што првично се мислело.

Досегашниот биланс на повредени во градот Монтекито е над 28 лица, од кои 12 се во болница, а четворица од нив се во критична состојба. Целосно се уништени 59 куќи, а над 300 се оштетени.

XS
SM
MD
LG