Достапни линкови

За Чавков случајот против него за насилството во Собранието е апсурден


Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков пред тричлениот Судски совет на Апелацискиот суд изјави денеска дека од материјалните докази ќе се види оти дал клучен придонес за спасување на животите на пратениците и нивна дислокација на безбедно за време на насилството во Собранието на 27 април. Чавков посочи дека не се чувствува виновен, а случајот против него го оцени како апсурден.

Апелацискиот суд денеска расправа по поднесените жалби на четворица осомничени. Освен за Чавков судот треба да донесе одлука дали е оправдан продолжениот притвор и за поранешниот директор на Македонската опера и балет Игор Дурловски, како и за жалбите на Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање и Душко Лазаров, началник за специјални операции во МВР.

До Апелацискиот суд пристигнати се 18 жалби против продлжување на притворите на осомничените за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.



XS
SM
MD
LG