Достапни линкови

Харадинај доби албански пасош


Архива: Косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај доби албански пасош по итна постапка, откако деновиве не му беше издадена американска виза. Медиумите пренесуваат дека пасошот најверојатно ќе му биде предаден денеска во Тирана, каде допатува на ненајавена посета и оствари средба со претседателот на Албанија Илир Мета.

Рамуш Харадинај и неговата сопруга станаа албански државјани во април 2017 година со указ потпишан од тогашниот албански претседател Бујар Нишани.

Издавањето албански пасош на Харадинај доаѓа во време кога Мета и косовскиот претседател Хашим Тачи имаа полемики околу влијанието на давањето пасоши на Албанија на жители на Косово и нивно користење за патување во земјите од Шенген зоната

XS
SM
MD
LG