Достапни линкови

Земан: анексијата на Крим е незаконска, но е свршен чин


Претседателот на Чешка Милош Земан

Претседателот на Чешка Милош Земан одби синоќа да и се извини на Украина за тоа што за анексијата на Крим изјавил дека е „свршен чин“, бидејќи тоа било негово, а не мислење на Чешка. „Крим го држат Русите и ниту една руска влада нема да го врати. Јас ја осудив анексијата, но исто така реков дека санкциите врз Русија се оправдани, но неефикасни. Може стопати да ми е жал за анексијата на Крим, но факт е дека Крим го држат Русите“, рече Земан по повод неговата изјава на заседанието на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур дека Киев би требало да добие компензации во нафта или гас во замена за Крим. „Ги знам ставовите на двете страни, но добар компромис е кога двете страни си одат од преговарачката маса бледи од бес“, додаде Земан.

XS
SM
MD
LG