Достапни линкови

Донесен Законот за јазиците и избрани уставни судии


Пратениците во Собранието на денешното продолжени на седницата го изгласаа Законот за употреба на јазиците и ги избраа Дарко Костадиновски и Осман Кардиу за уставни судии.

За законот за јазиците гласаа 69 пратеници и сите гласаа „за“ законот. Од другите етнички заедници, освен македонската, вкупно 27 пратеници гласаа „за“, а еден беше „воздржан“ за предлог законот за употреба на јазици.

За Костадиновски гласа 66 пратеници и сите гласаа „за“. За Кадриу гласаа, 68 пратеници, кои се изјаснија „за“ неговиот избор, но за него се гласаше и дополнително, односно посебно гласаа и пратеници кои се припадници на заедниците кои не се мнозинство. Од 32 кои се од заедниците, 26 гласаа „за“ Кадриу.


XS
SM
MD
LG