Достапни линкови

Судењето на напаѓачите на Села закажано за 26 јануари


Архива: Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села.

Основниот суд Скопје 1 за 26 јануари го закажа почетокот на судењето на напаѓачите на лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села кои се товарат за обид за убиство. Села беше повреден за време на насилствата во Собранието од 27 април, а за обидот за убиство обвинети се десет лица.

Дел од напаѓачите беа идентификувани со помош на граѓаните, откако МВР на својата веб-страница објави кадри од снимки за настаните од Собранието.

Досега за настаните во Собранието девет лица добија условни затворски казни поради учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие, а судење имаше и против напаѓачот на актуелната министерка за одбрана Радмила Шекеринска кој беше осуден на четири години затвор.

XS
SM
MD
LG