Достапни линкови

Денеска средба Димитров-Коѕијас


Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас и неговиот македонски колега Никола Димитров, Скопје 31.08.2017.

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска ќе се сретне со неговиот грчки колега Никос Коѕијас. Разговорите, како што е соопштено од МНР, ќе се фокусираат врз прашања од билатерален интерес, како и натамошно зајакнување на мерките за градење доверба. Местото на средбата не е соопштено. Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи синоќа за ТВ 24 изјави дека денешната средба меѓу Димитров и Коѕијас најверојатно ќе се одржи во Грција. Тој исто така додаде дека во моментов постои консензус терминот Македонија да се најде во која било варијанта за решавање на спорот со Грција за името. Новата рунда разговори меѓу Македонија и Грција со посредство на медијаторот на ОН Метју Нимиц е закажана за 17 јануари во Њујорк.

XS
SM
MD
LG