Достапни линкови

Спутик - САД бараат нашиот партнер да се регистрира како странски агент


Седиштето на медиумската групација „Русија денес“, во чиј состав е и новинската агенција Спутник.

Руската државна новинска агенција Спутник соопшти дека на нивниот американски партнер, компанијата РИА Глобал, американската влада им наложила да се регистрира како странски агент. Спутник, цитирајќи го писмото од Министерството за правда, соопштува дека на нивниот партнер му било речено дека мора да се регистрира во согласност со Актот за регистрација на странски агенти, познати под актонимот ФАРА. Спутник вели дека имаат рок од месец дека да се регистрираат. Рускиот претседател Владимир Путин во ноември потпиша закон со кој руското Министерство за правда има право да одреди кој странски медиуми е „странски агент“. Москва ваквиот чин го оправда како контрамерка за притисокот што САД им го прави на руските медиуми таму. Вашингтон пак негира дека им прави притисок на руските медиуми во САД.

XS
SM
MD
LG