Достапни линкови

Обвинителство бара укинување на притворот на Владо Јовановски


Актерот Владо Јовановски дел од иницијативата „За заедничка Македонија“ во Собранието, на 27 април 2017.

Обвинитството побара поблага мерка за актерот Владо Јовановски кој е во притвор за насилствата во Собранието на 27 април минатата година. На денешната седница на Советот во Алепацискиот суд на која се разгледуваше жалбата за притворот на Јовановски, обвинителот Јован Цветановски побара актерот да биде пуштен од притвор и да му се изрече поблага мерка – обезбедување присуство. И адвокатите на Јовановски, побараа да му се укине притворот на актерот.

Советот денеска ги разгледуваше и жалбите за притворите на Оливер Поповски од Шестата управа и на Горан Ѓошевски, шеф на обезбедувањето на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, но за нив Вишото јавно обвинителство побара да им се потврдат мерките за продолжување на притворот.

XS
SM
MD
LG