Достапни линкови

Блокади на украинско-полската граница поради донични реформи


Блокада на украинско-полската граница.

Украински демонстранти денеска неколку часа блокираа четири гранични премини кон Полска, дозволувајќи им само на возилата со деца или со болни луѓе да ја поминат границата. Тие почнаа да собираат потписи за петиција со која се бара од претседателот Петро Порошенко и од пратениците да ги поништат новите даночни закони кои почнаа да се применуваат од 1 јануари.

Според новиот закон, поединци може да внесат до 50 килограми стока во вредност до 50 евра во Украина без царина. Законот предвидува да може да се внесе стока до 500 евра, ако поединецот излезе од Украина во рок од 24 часа, но не може повторно да влезе во наредните 72 часа.

Критичарите велат дека властите се пресметуваат со обичните луѓе наместо да се пресметуваат со корумпираните гранични службеници. Многумина Украинци од граничните регион често одат на шопинг во Полска. Од јуни 2017 на Украинците не им треба виза за патување во ЕУ.

XS
SM
MD
LG