Достапни линкови

Демонстранти се пробиле до резиденцијата на Ципрас во Атина


Демонстрантите од синдикатот ПАМЕ се расправаат со грчкката министерка за труд.

Група демонстранти, кои денеска протестираа против новите економски мерки што треба да бидат воведени по предлог на грчката Влада, успеаја да се пробијат до резиденцијата на премиерот Алексис Ципрас.

Грчкиот Парламент денеска ја започна дебатата по новиот предлог-закон со кој треба да се воведат мерките. Партениците треба да гласаат за законот в понеделник.

Предлог-законот предвидува нови кратења на социјалната помош, построги услови за штрајковите и мерки за воведување електронска продажба на имотите под хипотека, чии сопственици не можат да ги вратат кредитите што ги земале.

Грчката полиција соопшти дека при денешните протести еден полицаец бил хоспитализиран со полесни повреди, што ги здобил додека се обидувал да ги спречи демонстрантите да се пробијат до забранетата зона околу премиерската резиденција.

Подоцна лицата кои протестирале мирно го напуштиле местото и нема податоци за уапсени.

За вечерва во Атина се најавени нови протести против владините мерки.

XS
SM
MD
LG