Достапни линкови

Воздухот загаден во повеќе градови во Македониja


Мапа за нивото на загаденост во Македонија. Извор: Air Visual Earth.

Воздухот во Скопје и денеска е загаден над дозволеното со високи концентрации на загадувачи во сите општини, слично како и во Битола, Кочани, Кичево, Тетово и Кавадарци. Во главниот град се активирани мерки за ублажување на последиците од аерозагадувањето, а скопскиот градоначалник Шилегов денеска најави дека во рамки на мерките јавните претпријатија Комунална хигиена и Паркови и зеленило почнуваат со интензивно чистење на улиците.

Исто така од вчера властите поради загадениот воздух спроведуваат мерки за бесплатен јавен превоз, а се препорачува да бидат ослободени од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, болните од астма и изнемоштените лица.

Поради загриженоста од ситуацијата со загадениот воздух граѓаните на социјалните мрежи се организираат да одржат протест во недела.

XS
SM
MD
LG