Достапни линкови

Чавушоглу: Односите со САД можат да се влошат уште повеќе


Архива: турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Односите меѓу Турција и Соединетите држави можат да се влошат уште повеќе доколку Вашингтон не ги поправи своите грешки, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Тој вели дека претседателот на САД Доналд Трамп јасно изјавил дека ќе прекинат испораките на оружје за единиците на сириските курдски Сили за заштита на народот (СЗН) и дека тоа го потврдил и американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис, а според Чавушоглу тоа е главното прашање кое има негативни односи врз односите меѓу Турција и САД.

Чавушоглу рече дека ако не ги поправат грешките направени во оваа област, односите можат да се влошат уште повеќе.

XS
SM
MD
LG