Достапни линкови

Гутереш: Силите на ОН да останат на Кипар до 31 јули


Архива: Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предлага меѓународните мировни сили да останат на Кипар до 31 јули оваа година, бидејќи сегашниот мандат им трае до 31 јануари.

Тој исто така изразува волја и одлучност да работи за обнова на преговорите меѓу двете кипарски заедници за повторно обединување на островот, по неуспешниот преговарачки процес во јули минатата година, повикувајќи ги заинтересираните страни да го зачуваат постигнатото во преговорите под покровителство на ОН и да го обноват дијалогот за решавање на проблемот.

XS
SM
MD
LG