Достапни линкови

Бенон заминува од Брајбарт њуз по спорот со Трамп


Поранешниот главен стратег на Белата куќа Стивен Бенон

Поранешниот главен стратег на Белата куќа Стивен Бенон се повлекува од челото на десничарскиот Брајтбарт њуз, по отворениот спор со американскиот претседател Доналд Трамп. Бенон кој важеше за еден од највлијателните луѓе во тимот на Трамп, соопшти дека се повлекува од овој конзервативен портал. Тој уште во август лани ја напушти функцијата главен стратег на Белата куќа, но остана во добри односи со Трамп. Нивниот однос драстично се влоши кога во книгата на новинарот Мајкл Волф која излезе во минатата недела „Оган и бес“, Бенон вели дека бил „предавнички“ и „непатриотски“ чин состанокот на соработниците на Трамп со една руска адвокатка за време на претседателската кампања.

XS
SM
MD
LG