Достапни линкови

Рекордни температури во Рим и Палермо, лавина во северна Италија


Во италијанските градови Рим и Палермо измерени се највисоки температури за овој период од годината во последните 40 години, соопшти метеоролошката служба, а пренесе агенцијата Анса.

Максималната температура во Рим изнесувала 19 степени, а во Палермо 24 степени целзиусови, наведува италијанската агенција. Минималните дневни температури биле највисоки во последните две децении за овој период од годината, односно 18 степени.

Алпскиот град Сестриере пак, се соочува со други временски услови. Во ова место, недалеку од Торино, лавина погодила една зграда, но нема повредени. Евакуирани биле 69 лица, вклучувајќи и неколкумина деца. Во многу области од Северна Италија зголемена е опасноста од лавини, бидејќи снежната покривка достигна два метри за 48 часа.


XS
SM
MD
LG