Достапни линкови

Иранскиот нуклеарен договор на агендата на утрешните разговори во Брисел


Министрите за надворешни работи на Европската унија и Иран соопштија дека нивните закажани разговори во Брисел утре ќе се фокусираат на зачувување на нуклеарниот договор на Иран од 2015 година со светските сили, за кој се смета дека е под закана од САД. Најавениот фокус на состанокот меѓу иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф и министрите за надворешни работи на ЕУ, Франција, Германија и Велика Британија, е откако Иран предупреди дека Соединетите Држави можеби се на работ на повлекување од договорот. Иранскиот државен радиодифузер ИРИБ го цитираше Зариф, кој вели дека во светлината на "уништувачките политики на САД", разговорите во Брисел ќе се фокусираат на нуклеарниот договор, а не на уличните протести против владата, кои го потресеа Иран во изминатите две недели и однесоа најмалку 22 животи. Европските лидери го повикаа Иран да го избегне насилството и да го почитува правото на демонстрантите да го искажат своето несогласување со владата. Американскиот претседател Доналд Трамп, кој е жесток критичар на нуклеарниот договор, одби да потврди дека Иран ги почитува договорите во октомври, но досега не успеа да ги повлече Соединетите Држави од договорот.

XS
SM
MD
LG