Достапни линкови

Сирија: Израел спроведе воздушни напади во близина на Дамаск


Илустрација: Чад излегува од згради во сирискиот главен град Дамаск.

Сириската армија соопшти дека Израел денеска со авиони и проектили земја-земја нападнал и оштетил „воени цели“ во сириската територија, во близина на главниот град Дамаск. Во изјава пренесена од сириската државна новинска агенција САНА, армиската воена команда на Сирија наведува дека воздушната одбрана погодила еден израелски воен авион, но не наведе дополнителни детали.

Армијата соопштува дека израелски авиони со проектили гаѓале кон областа Ал-Кутаифа, околу 15 километри северозападно од Дамаск во околу 2 и 40 часот наутро по локално време, а потоа потоа со проектили земја-земја од израелската окупирана Голанска Висорамнина, кога сириската воздушна одбрана ги соборила сите проектили. Портпаролот на израелската Армија одби да даде одговор на сириските изјави.

XS
SM
MD
LG