Достапни линкови

Мулер е заинтересиран да разговара со Трамп


специјалниот обвинител Роберт Мулер

Тимот истражители на специјалниот обвинител Роберт Мулер заинтересиран е за разговор со американскиот претседател Доналд Трамп во рамките на истрагата за можната координација меѓу Русија и изборната кампања на Трамп, пренесува агенцијата Асошиетед прес. Портпаролот на Мулер и адвокатот на Трамп не сакаа да ги коментираат ваквите наводи, додека од Белата куќа беше соопштено дека „Белата куќа јавно не ги коментира своите разговори со Мулер“.

XS
SM
MD
LG