Достапни линкови

Иран: Судот бара максимални казни за лидерите на протестите


Претседателот на Иран Хасан Рохани

Ирански официјален претставник на судството изјави дека водачите на антивладините протести треба да бидат соочени со најтешките можни казни. Хамид Шахириари, заменик-шеф на иранското судство, зборуваше денеска - речиси две недели по почетокот на протестите. Шахриари рече дека "сигурно оние што го организирале и воделе немирите против Владата може да очекуваат максимална казна". Смртната казна е најсуровата казна што ја наметнаа судовите во Иран. Може да се примени за голем број кривични дела, вклучувајќи предавство, и убиство. Иранскиот Исламски револуционерен гварски корпус (ИРГЦ) во неколку наврати ги опишуваше анти-владините протести како акти на "побуна". Државните медиуми тврдат дека лидерите на протестите се или членови на народниот муџахедин на Иран, прогонета дисидентска група или се монархисти. Иранските пратеници велат дека некои демонстрантите, особено студентите, треба да бидат ослободени од обвинение додека лидерите треба да бидат казнети. Стотици притворени студенти се ослободени на 6 јануари по потпишувањето на залогот за неповторување на делото.

XS
SM
MD
LG