Достапни линкови

Коѕијас ги претставил грчките позиции во разговорите за името


Министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Коѕијас.

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас, според грчките медиуми, за време на седницата на Владата, ги известил министрите за грчките позиции во преговорите за името.

Медиумите во Грција, меѓу кои и државната агенција, како што јавува дописникот на МИА од Атина, објавија дека сложено име со географска одредница за севкупна употреба е позицијата што ја претставил Никос Коѕијас.

"Според информациите, министерот за надворешни работи во неговото обраќање го извести Министерскиот совет за позициите со кои грчката страна учествува во преговорите за името со ПЈРМ. Господинот Коѕијас, рече дека националната позиција беше веќе претставена во 2007-2008 и се однесува на сложено име со географско потекло и за севкупна употреба", пишува грчката новинска агенција.

Коѕијас рекол дека конкретното прашање, актуелната Влада го наследила, затоа што во минатото не се преземале иницијативи, но нагласил дека оваа влада е смела и сериозна и има храброст доследно да оди кон решавање на проблемите.

XS
SM
MD
LG