Достапни линкови

Макрон во прва официјална посета на Кина


Францускиот претседател Емануел Макрон со кинескиот претседател Кси Џинпинг во Пекинг

Францускиот претседател Емануел Макрон ја започна својата прва официјална посета на Кина, при што фокусот на разговорите е на трговијата, светските конфликти и климатските промени. Макрон и неговата сопруга, Брижит, денеска ја започнаа посетата со посетите на Музејот на теракотни воини, будистичко светилиште и на џамија во градот Ксиан. Пред да отпатува, Макрон телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговара за кризата во Северна Кореја и Иран, што најверојатно е една од темите на разговорите со кинескиот претседател Кси Џинпинг. Кина е главниот сојузник на Северна Кореја, а многу западни сили го притискаат Пекинг да изврши притисок врз Пјонгјанг да ги прекине тестирањата на балистичките ракети и нуклеарно оружје, програми кои се забранети со резолуциите на Обединетите нации.

XS
SM
MD
LG