Достапни линкови

Грчкиот суд привремено ја замрзна одлуката за азил за турскиот војник


Знамиња на Грција и на Европската Унија

Апелацискиот суд во Атина, го прифати барањето на грчката Влада и привремено ја замрзна одлуката за доделување азил за еден од осумтемина турски војници кои пребегаа во Грција.

За неговиот азаил повторно ќе се расправа на 15 февруари

Како причини за ваквата одлука на судот се наведуваат јавниот интерес и интересот на самиот војник.

Врховниот суд во Атина, на 26 јануари минатата година, одлучи осумтемина турски војници да не бидат екстрадирани во Турција, а сите поднесоа барање за азил.

Војниците побегнаа во Грција еден ден по спречениот државен преврат на 16 јули. Тие негираат дека се вмешани во превратот.

XS
SM
MD
LG