Достапни линкови

Ципрас: Постои прозорец за решение на спорот за името


Архива: Грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Доколку навистина има намера од соседите постои прозорец за решение на спорот со името, истакна грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговото обраќање на денешната владина седница додавајќи дека во следните денови ќе се покаже колку е изводливо да се направат суштински чекори во таа насока.

Ципрас наведе дека 2018 година без сомнение ќе биде полна со предизвици и со важни можности кои не треба да се испуштат, во економијата и надворешната политика споменувајќи го и прашањето за името.

„Имаме прозорец за решение, доколку се покаже дека промената на ставот на нашите соседи е искрена. Решение кое ако се постигне ќе биде во корист на мирот и соработката на Балканот, но и во корист на една нова динамика за нашата земја во поширокиот регион. Во следните денови ќе се покаже колку е изводливо да се направат суштински чекори во оваа насока, рече Ципрас во обраќањето пред министрите од неговата Влада, пренесува МИА.

Денеска и грчкиот министер за внатрешни работи Панос Скурлетис изјави дека како влада имаат разјаснето дека името може да го содржи терминот Македонија со географска одредница и да е за севкупна употреба, но и дека е потребно да има широко мнозинство и во општеството и во Парламентот.

XS
SM
MD
LG