Достапни линкови

Мерки за ублажување на аерозагадувањето


Архива: Загаден воздух, смог и магла во Скопје. 14.12.2017

Владата денеска активира мерки за аерозагадувањето во Скопје, откако во два последователни дена се измерени концентрации над 200 микрограми ПМ честички на метар кубен на најмалку две мерни станици, соопшти владината прес-служба.

Министерството за животна средина и просторно планирање, меѓу другото, треба да ги ослободи од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, прележан инфаркт или мозочен удар, лицата на отворено да работат од 11 до 17 часот и друго.

МВР да ја спроведе одлуката за сообраќаен режим на тешки товарни возила чија дестинација не е Скопје, да ја користат обиколницата. Општините да обезбедат бесплатен јавен превоз, дневно чистење на улиците, зголемени инспекциски контроли на градилишта и друго.

Владата треба да ги задолжи сите органи на државната управа употребата на службени возила да ја ограничат на 50 отсто, а градежните компании да ја намалат прашината при градежните активности.

XS
SM
MD
LG