Достапни линкови

Вицепремиерот Османи утре на средби со Коѕијас и Катругалос во Атина


Архива: Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи утре во Атина ќе се сретне со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас и алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос, каде ќе разговараат за европски прашања од заеднички интерес, соопштува грчкото МНР.

Утрешната посета на Османи грчките медиуми ја коментираат како прва точка од јануарските предвидени активности околу прашањето за името, а во насока на, како што наведуваат, „раздвиженоста“ на релација Скопје-Атина ги споменуваат и посетата на Македонија на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, новата рунда разговори на медијаторот Метју Нимиц со преговарачите на двете земји и евентуалната средба на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас на маргините на Светскиот економски форум во Давос, пренесува МИА.

XS
SM
MD
LG