Достапни линкови

Иран настојува да забрани англиски јазик во основните училишта


Архива: Основно училиште во Иран.

Висок ирански претставник во образованието вели дека Иран има намера да ги забрани часовите по англиски јазик во основните училишта поради предупредувањата на исламските лидери дека јазикот ќе доведе до „културна инвазија“ од Западот.

Шефот на Советот за високо образование Мехди Навид-Адам за државната телевизија изјави дека „наставата на англиски јазик во официјалната настава на државните и приватните основни училишта е против законите и прописите.“

„Ова е поради претпоставката дека во основното образование се поставени темелите за иранската култура на учениците“, рече тој.

Во Иран, каде официјален јазик е персискиот, наставата по англиски јазик обично започнува во средното училиште, каде учениците генерално се на возраст од 12 до 14 години, но некои основни училишта со помлади ученици исто така нудат часови по англиски јазик. Се уште не е јасно дали забраната е воспоставена, која најмногу ќе ги погоди приватните училишта кои нудат настава на англиски јазик за помлади ученици.

XS
SM
MD
LG