Достапни линкови

Убиен ерменски војник во Нагорно-Карабах


Архива: Ерменска артилерија во отцепениот регион Нагорно-Карабах. 08.04.2016

Ерменските воени власти во отцепениот регион Нагорно-Карабах на Азербејџан велат дека еден од нивните војници е убиен од страна на азербејџански снајперист во близина на линијата која ги одвојува борбените страни. Властите соопштија дека 19-годишниот Ваче Чилнгјан бил застрелан на 7 јануари.

Азербејџан и Ерменија со години се заглавени во конфликт за отцепениот азербејџански регион Нагорно-Карабах, кој е населен главно од етнички Ерменци кои прогласија независност од Азербејџан за време на војната од 1999 до 1994 година во која загинаа околу 30 илјади луѓе и стотици беа раселени. Дипломатските напори кои траеја три децении донесоа мал напредок.

XS
SM
MD
LG