Достапни линкови

Од студеното време во САД погодени над 100 милиони луѓе


Бостон, 5 јануари, 2018 година

Од студеното време кое го погоди источниот дел на САД се погодени повеќе од 100 милиони луѓе. Најнсика температура од -38 степени е измерена во сојузната држава Њу Хемпшир.

Националната метеоролошка служба соопшти дека екстремните услови се предизвикани од голем арктички бран кој се поместил кон североисточниот дел на Соединетите Американски Држави од Канада и ги погодил повеќето држави кои се наоѓаат источно од реката Мисисипи. Температурите во Њујорк и Бостон достигнаа до -13 степени.

XS
SM
MD
LG