Достапни линкови

Исчезнати 32 лица по судир на танкер и брод во Кина


Судирот на танкер за нафта со карго брод на брегот на Кина

Кинеското министерство за транспорт соопшти дека 32 лица, од кои повеќето се Иранци се водат за исчезнати по судирот на танкер за нафта со карго брод на источниот брег на Кина.

Според министерството, исчезнати се 30 Иранци и две лица од Бангладеш додека сите членови на екипажот од Кина 21 на број биле спасени од оштетениот карго брод. Панамскиот танкер за нафта Санчи со кој раководи иранска компанија бил на пат за Јужна Кореја. Карго бродот пренесувал 64 тони на жито.

XS
SM
MD
LG