Достапни линкови

Трамп се опиша себе си како многу стабилен гениј


Копии од книгата Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп по објавувањето на книгата „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“ на Твитер напиша дека целиот негов живот, најдобрите особини кои ги имал се менталната стабилност и тоа што е многу паметен.

„Почнав од многу успешен бизнисмен, преку телевизиска ѕвезда и до претседател на САД (од прв обид). Мислам дека тоа ме опишува не како паметен, туку како гениј… и тоа многу стабилен гениј!“, напиша Трамп на Твитер.

Книгата на Мајкл Волф, според Трам е полна со лажни информации. Во книгата се опишува хаотичноста на Белата куќа, неподготвеноста на Трамп за претседателската функција и како неговите соработници ја исмеваат неговата способност.

XS
SM
MD
LG