Достапни линкови

Вучиќ: Хојт Ји не и чита лекции на Србија


Српскиот претседател Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за весникот „Курир“, говорејќи за надворешната политика, оцени дека официјалниот претставник на Стејт департментот Хојт Брајан Ји, „не и чита лекции на Србија, туку секогаш зборува во името на Стејт департментот“.

„Ако ова е негово лично мислење, некој досега би го демантирал или би го сменил. Но досега никој не го демантира ниту го смени. Ји е суров професионалец и јас тоа го почитувам. Тој има свои ставови“, изјави Вучиќ на прашањето за ставот на Ји дека Србија мора да потврди дека е 100 проценти посветена на зачленувањето во ЕУ.

На прашањето дали најавата на Конгресот на САД дека ќе го анализира односот меѓу Србија и Русија, е директна последица од неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин, Вучиќ посочува секој треба да си ја работи својата работа.

XS
SM
MD
LG