Достапни линкови

Опозициски политичар осуден на 12 години затвор во Киргистан


Канатбек Исаев

Судот во Бишкек го осуди киргистанскиот опозициски политичар Канатбек Исаев на 12 години затвор. Исаев беше обвинет дека нелегално им доделил државно земјиште на градежни фирми кога бил градоначалник на Токмок од 2008 до 2010 година.

Двајца негови соучесници добија по 10 години казна затвор. Исаев ги негираше обвинувањата, кои според него биле политички мотивирани. Неговите адвокати најави жалба за судската одлука.

XS
SM
MD
LG