Достапни линкови

Рускиот Врховен суд ја одби жалбата на Навални


Алексеј Навални

Рускиот Врховен суд ја потврди одлуката дека активистот за борба против корупцијата и опозициски политичар Алексеј Навални нема право да се кандидира на претстојните претседателски избори во земјата. Според судот, одлуката на руската централна изборна комисија била донесена согласно законот.

Адвокатите на Навални соопштија дека ќе се жалат на одлуката на президиумот на Врховниот суд, а може случајот ако е потребно да го однесат и на Уставен суд. Претходно тие најавија дека ќе се жалат и во Европскиот суд за човекови права. Изборната комисија донесе одлука дека Навални не може да се кандидира за јавна функција до 2028 година поради обвиненија за финансиски криминал, за кои тој вели дека се фабрикувани од властите поради политички причини.

XS
SM
MD
LG