Достапни линкови

Церар: Словенија треба да побара законска постапка против Хрватска за граничниот спор


Архивска фотографија-премиерот на Словенија Миро Церар

Словенија со сигурност треба да побара законска постапка против Хрватска во врска со нејзиното одбивање да ја спроведе одлуката на Арбитражниот суд за граничниот спор, изјави денеска словенечкиот премиер Миро Церар. Обраќајќи се пред словенечките дипломати, Церар изрази задоволство од односите со соседите, но истакна дека односите со Хрватска претставуваат најголем предизвик.

Двете соседни земји имаат спор за границата на неколку места, откако се одделија од Југославија во 1991 година. Најголемиот спор е околу Пиринскиот залив на Јадранско Море. Љубљана и Загреб се согласија да го решат прашањето со меѓународна арбитража во 2013 година, но Хрватска се повлече, откако беше откриено дека Словенија илегално се поврзала со Арбитражниот суд.

Арбитражата продолжи подоцна, но Загреб не ја призна пресудата што беше изречена кон крајот на јуни и одби да ја изврши дури и по истекот на рокот на 29 декември. Се претпоставува дека Љубљана може да ја тужи Хрватска во Европскиот суд.

XS
SM
MD
LG