Достапни линкови

Раст на извозот од Македонија во 2017 година


Извозот на стоки од Македонија од јануари до ноември 2017 година забележал раст од 18,6 проценти. Вредноста на извезената стока, според објавените податоци на Државниот завод за статистика, изнесува 5.175.429 илјади американски долари.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6.977.194 илјади американски долари, што е за 13,8 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2017 година, изнесува 1.801.765 илјади американски долари.

Најмногу се извезувале катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица и облека. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла, другите метали од платинската група и нивни легури, производи од железо или нелегиран челик и друго.

Во периодот јануари-ноември 2017 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.


XS
SM
MD
LG