Достапни линкови

Пакистан ги отфрла критиките на САД за религиските слободи


Илустрација: Собир на Пакистанци за време на протест против САД. 05.01.2017

Исламабад ги отфрли критиките на САД за пакистанската евиденција за верските слободи, велејќи оти од Пакистан се прави „жртвено јагне за неуспехот“ во Авганистан. Еден ден откако САД го означија Пакистан како „земја од посебен интерес поради ангажирање или толерирање на кршење на религиските слободи“, федералниот министер за религиски прашања Сардар Мухамед Јусаф денеска за РСЕ изјави дека потегот е уште еден удар врз билатералните односи меѓу двете земји.

Забелешките на Јусаф исто така доаѓаат откако Вашингтон објави дека суспендира најмалку 900 милиони долари помош за пакистанската армија додека Исламабад не преземе „решителна акција“ против авганистанските Талибанци и милитантите на мрежата „Хакани“ кои работат во границите на Пакистан.

„САД ја менуваат нивната одговорност за неуспехот во Авганистан кон Пакистан и додаваат уште многу други работи“, рече Јусаф.

XS
SM
MD
LG