Достапни линкови

Ердоган: Билатералните правни договори со САД ја губат валидноста


Архива: Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека билатералните правни договори со Соединетите држави ја „губат валидноста“, откако американскиот суд го осуди директорот на турската „Халк“ банка Мехмет Хакан Атила за кршење на санкциите кон Иран.

Aко Американците вака ја разбираат правдата, тогаш светот е готов. Нека ми простат САД, но законите за нашите билатерални врски и билатералните договори меѓу нас ја губат својата валидност. Јас жалам за тоа, но така ќе биде од сега па натаму. САД вршат серија на заговори, кои не се само правни, туку и економски, изјави Ердоган на прес-конференција пред неговото пристигнување во Франција.

XS
SM
MD
LG