Достапни линкови

Итен состанок на СБ на ОН поради протестите во Иран


Американската амбасадорка во ОН Ники Хејли

Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи итен состанок поради уличните протести во Иран, на барање на САД, а со остро противење од Русија. Американската амбасадорка во ОН Ники Хејли деновиве повика на итна седница велејќи дека тоа ќе биде обид да се засили пораката на антивладините демонстранти, додека Русија соопшти оти состанокот би бил штетен и деструктивен.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека тоа е внатрешно прашање на Иран и оти секаков обид на САД да ги заострат санкциите спрема Техеран поради протестите, би бил нелегитимен.

XS
SM
MD
LG