Достапни линкови

Грујевски и Бошковски ќе дознаат дали ќе бидат екстрадирани


Потерница од МВР за Никола Бошкоски и Горан Грујевски

По четири рочишта, од кои две одложени, а во кои беа сослушани двајца сведоци, поранешните разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошковски денеска ќе ја слушнат одлуката на Советот на судии во Солун, во однос на македонското барање за нивна екстрадиција. Одлуката е веќе донесена и откако конечно ќе се најде преведувач од грчки на македонски јазик, таа треба да им се соопшти на поранешните началници во Управата за безбедност и контраразузнавање.

Судот во Солун на 22 декември требаше да ја соопшти денесената одлука за барањето на Македонија за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски, кои во земјава се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување опрема за прислушување, но во судот во Грција немаше кој да ја прочита одлуката на македонски јазик поради неможноста да се најде преведувач.

XS
SM
MD
LG