Достапни линкови

Мицкоски најави изготвување Закон за амнестија за „27 април“


Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во синоќешната дебата на јавниот сервис МТВ рече дека едно од сценаријата во нивното идно делување ќе биде изготвување закон за амнестија за притворените за настаните во Собранието од 27 април. Тој најави дека наскоро ќе бидат објавени идните чекори на партијата, меѓу кои и делувањето на пратениците, потенцирајќи дека за ова има сериозна дебата.

Мицкоски истакна дека конструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ не смее да биде ставена под знак прашање и посочи дека таа треба да биде двонасочна. Како пратеничка група мора да препознаеме дека и од другата страна има двонасочна конструктувност, рече тој.

Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ, во периодот што следува ќе понудат нови политики и пристапи кои соодветствуваат на современа десна народна партија. Мото на неговото идно делување ќе биде обединувањето, кое, како што оцени, „треба да ги спои за да се застане на патот на штетните политики на Владата на СДСМ“ кои, според него, „се антинационални и антидржавни и не го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните наспроти предизборните ветувања“.

XS
SM
MD
LG