Достапни линкови

Времето денеска сончево со магла по котлините


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер, по одделни котлини со услови за појава на магла и ниска облачност. Температурата ќе се движи од шест до 13 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе достигне до шест степени.

Следува период на стабилно и суво време. Во поголем дел од земјава дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, а тоа ќе предизвика топење на снежната покривка. Утре ќе биде најсончево, а од недела ќе има умерена до значителна облачност. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, ќе има појава на магла и ниска облачност, особено од недела, а дневната температура во овие места ќе остане пониска.

XS
SM
MD
LG