Достапни линкови

Трамп – Голема поддршка за иранските демонстранти во „соодветно време“


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Твитер напиша дека ги почитува Иранците што протестираат против корумпираната влада.

„Ќе видите голема поддршка од САД во соодветно време“, напиша Трамп.

Неговата реакција доаѓа откако Белата куќа почна да врши притисок врз ОН да одржат состанок на кој ќе покажат поддршка за демонстрантите.

По вчерашната изјава на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи дека „непријателите на Иран“ се обидуваат да поттикнат востание, илјадници граѓаните денеска излегоа на контрапротести.

Веќе неколку дена ширум Иран има антивладини протести на кои има и загинати демонстранти.

Демонстрациите избувнаа на 28 декември во вториот по големина град во Иран, Машхад поради економските тешкотии и наводната корупција и ескалираа со повици против верскиот етаблишмент кој е на власт по исламската револуција во 1979 година.

XS
SM
MD
LG