Достапни линкови

ЕК - Хрватска и Словенија да избегнуваат опасни потези


Пиранскиот Залив меѓу Словенија и Хрватска

Европската комисија денеска ги повика Хрватска и Словенија да продолжат со дијалогот на сите нивоа и на избегнување какви било потези што би можеле да им наштетат на билатералните разговори.

Комисијата ја повтори својата подготвеност да помогне во имплементација на арбитражната пресуда за границата во Пиранскиот Залив.

„Комисијата бара од двете страни да продолжат со дијалог на сите нивоа на конструктивен, примерен и недвосмислен начин и избегнување каков било потег што би наштетил на билатералните разговори што се во тек“, изјави Мина Андреева, портпаролка на ЕК на прес-конференција.

Таа додаде дека Комисијата останува подготвена да придонесе или да го олесни процесот за подобра примена на одлуката на Арбитражниот суд.

За хрватско-словенечкиот спор ЕК расправаше на 20 декември. По тој состанок, првиот потпретседател на ЕК Франс Тимерманс рече дека состанокот на премерите Андреј Пленковиќ и на Миро Церар ден претходно во Загреб бил „добар знак“.

XS
SM
MD
LG