Достапни линкови

Уапсени ирански шпиони на Западниот Брег


Поглед на Западниот Брег

Израелската безбедносна служба Шин бет денеска соопшти дека открила ирански разузнавачи на Западниот Брег, при што биле уапсени тројца луѓе, меѓу кои и нивниот водач Палестинец. Главниот осомничен е 29-годишниот компјутерски инженер Мухамед Махармех од подрачјето на Хеброн. Тој бил регрутиран од иранската служба преку негов роднина кој живее во Јужна Африка.

Шин бет соопшти дека иранските разузнавачи ја користат Јужна Африка како главна база за лоцирање, регрутирање и делување на агентите против Израел.

Махармех имал задача да овозможи терористички напади врз израелски цели.

XS
SM
MD
LG