Достапни линкови

Северна Кореја ја отвори линијата за прекугранична соработка со Јужна Кореја


Јужнокорејски војници патролираат во демилитаризираната зона. 03.01. 2018

Северна Кореја го отвори каналот за прекугранична соработка со Јужна Кореја, откако по скоро две години земјите ја разгледуваат можноста за преговори, по неколкумесечни тензии околу нуклеарното оружје на земјата од северот и програмата за балистички ракети.

Денешниот знак за одмрзнување на односите меѓу Северна и Јужна Кореја доаѓа неколку часови откако американскиот претседател Доналд Трамп му се потсмеваше на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, велејќи дека тој има поголемо и помоќно нуклеарно копче од тоа што ги има Ким.

Одлуката на Северна Кореја да отвори гранична телефонска линија во селото Панмунџом во демилитаризраната зона доаѓа еден ден откако Јужна Кореја предложи разговори на високо ниво за можното учество на Северна Кореја на Зимските олимписки игри во февруари.

Ким во новогодишното обраќање рече дека е отворен за разговори за испраќање на севернокорејска делегација на Олимписките игри во Пјонгчанг.

XS
SM
MD
LG