Достапни линкови

Белата куќа го повика Пакистан да направи повеќе против тероризмот


Архива: Амбасадорката на САД во ОН Ники Хејли.

Белата куќа го повика Пакистан да направи повеќе во борбата против тероризмот, најавувајќи „конкретни акции“ во рок од неколку дена за да изврши притисок врз Исламабад.

„Знаеме дека можат да сторат повеќе да го спречат тероризмот и сакаме тоа да го сторат“, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс додавајќи оти понатамошните акции ќе бидат објавени за 48 часа.

Предупредувањата во Белата куќа доаѓаат откако амбасадорката на САД во ОН Ники Хејли изјави дека „постојат јасни причини за администрацијата на претседателот Трамп да повлече 255 милиони долари помош за Пакистан.

„Пакистан со години игра двојна игра. Тие понекогаш соработуваат со нас, а исто така прикриваат терористи кои ги напаѓаат нашите трупи во Авганистан. Ваквата игра не е прифатлива за оваа администрација“, рече Хејли.

Амбасадорката на Пакистан во ОН Малеха Лоди одговори дека борбата против тероризмот на нејзината земја не е базирана на било каква помош, туку на националните интереси и принципи.

XS
SM
MD
LG