Достапни линкови

Грчки здруженија со кампања против терминот Македонија


Архива: Средба на министерот за надворешни работи Димитров со министерот за надворешни работи на Грција, Коѕиас во Скопје.

Грчки патриотски здруженија и организации се мобилизираат за собирање потписи, барање за референдум и за демонстрации во северниот дел на земјата за неприфаќање на какво било име со терминот Македонија, откако деновиве беа дадени оптимистички најави од Грција и Македонија дека во 2018 година е можно затворање на долгогодишниот спор за името.

„Грчката федерација на културни здруженија на Македонците“ и грчките здруженија и организации од дијаспората се главните организатори на активностите, пренесува МИА, а како медиумски покровители се јавуваат околу 60 медиуми од северниот дел на земјата.

Тие имаат изработено веб страница, видео спот, резолуции испратени до претседателот, премиерот и грчкото Собрание, а за денес е закажан и првиот протест во градот Скидра, додека за еден месец во Солун е најавуваат голем собир.

Тие бараат терминот Македонија да не биде вклучен во името, согласно одлуките од лидерската средба во 1992 година, а доколку оваа одлука не е повеќе на сила, тогаш бараат распишување на референдум. Тие неодамна ја започнаа нивната кампања „Македонија значи Грција.“

XS
SM
MD
LG