Достапни линкови

САД ги поддржуваат демонстрантите во Иран


Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс

Белата куќа им изрази поддршка на демоснтрантите кои протестираат против иранската влада. Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс изјави дека протестите во Иран претставуваат „органски народен бунт кои го организираат храбри ирански граѓани“. „САД го поддржуваат иранскиот народ и го повикуваат режимот да ги почитува основните права на граѓаните мирно да ја изразат својата желба за промени“, изјави Сандерс. Иранците веќе неколку денови демонстрираат низ целата земја. Тоа се најголеми демонстрации во Иран од оние што уследија по спорните претседателски избори во 2009 година.

XS
SM
MD
LG